Wellness & Spa

AQUALINA 4* – Охрид


Хотелот „Аквалина“ се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан, оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум. Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.

Во својот сместувачки капацитет располага со вкупно 84 соби од кои, 1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај, 7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби, 6 трокреветни соби. Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ, кабловска телевизија, телефон, WI-FI, купатило, фрижидер, услуга во соба. Исто така располага со сопствен паркинг кој е бесплатен за гостите.


 Вклучено во цена:
–  Цена по лице за услуга избрана по табелата односно ноќевање со појадок (BB) или ноќевање со појадок и вечера (HB)
– Користење на базен, мини аква парк, спортски терени

Доплати: 
– Доплата за полн пансион (ручек):8 евра 
– Доплата за користење на соба со сауна /спа када : 10 евра