Велигденски понуди

КУМБУРГАЗ

Термин: 29 април 2021 | 5 дена / 3 ноќи

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 29.04 (четврток) МАКЕДОНИЈА – КУМБУРГАЗ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Штип (пред Стадионот), Скопје (Хотел “ВИП” – наспроти саем). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Со официјално одобрение од бугарската влада, патувањето е овозможено без приложување на PCR тест!!


2ден / 30.04 (петок) КУМБУРГАЗ 
Пристигнување во Кумбургаз. Можност за сместување во хотел. Слободен ден за индивидуални активности. Ви предлагаме запознавање со градот, посета на околните продавнички и ресторани каде што ќе можете да пробате некој турски специјалитети. Ноќевање.


3ден / 01.05 (сабота) КУМБУРГАЗ – ИСТАНБУЛ ( Долма Бахче Сарај | Крстарење – Босфор | Момина Кула | Ускудар | Emaar Square Mall & Wathergarden Mall )
Појадок. После појадокот факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. По посетата на Долма Бахче Сарај ќе имате можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. По крстарењето, групата се упатува кон Момината Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Момината кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата. Посета на Ускудар. Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционални отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме Босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. Факултативна посета на Emaar Square Mall и Wathergarden. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање.


4ден / 02.05 (недела) КУМБУРГАЗ (Посета на Бујук Чекмеџе) 
Појадок. Во Бујук Чекмеџе најпрво ќе ја видиме општината на градот која има доста интересен стил поразличен од другите општини во Турција. Овде се наоѓа долгото шеталиште покрај самото море и плажата и овде е сконцетриран целиот ноќен живот на Бујук Чекмеџе поради тоа овде се наоѓаат доста ресторани и кафичи каде што ќе може да уживате. Она што е интересно има дел направен како пазарче каде што се продаваат рачно изработени работи.  Бидејќи шеталиштето е долго може да си изнајмите велосипед со кој ќе може да прошетате по шеталиштето или да се качите во возчето кое прави прошетка низ шеталиштето.


5ден / 03.05 (понеделник) КУМБУРГАЗ – МАКЕДОНИЈА 
Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање кон Македонија


Цена на аранжманот: 75€ / 4.650мкд


Дете до 12 години – 50%  |   Еднокреветна соба + 52€ / 3.255мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

– превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
– 3 ноќевања со појадок;
– професионален туристички придружник;
– организација и реализација на патувањето.


Во цената на аранжманот не е вклучено:

– крстарење со брод по Босфор + Момина Кула + Ускудар + Emaar Square Mall Watergarden + Долма Бахче Сарај  – 60€ (факултативите не можат да се користат одделно);
– здравствено патничко осигурување – 150мкд.


Напомена:

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
– Капацитетот на автобусот е 75% спрема условите на  новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19;
– Во автобусот е спроведен протоколот за безбедност при патувањето;
– Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
– Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
– Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
– Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
– Уплата исклучиво во денари.