Велигденски понуди

Истанбул од 1001 ноќ со Принцески острови – 2НП

ТЕРМИН29 Април 2021

1 ден 29.04.2021  СКОПЈЕИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 30.04.2021  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  

Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

САФИР – облакодер:Утринско запознавање со Истанбул.Највисоката зграда во Европа, 236 м. ,  со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул, градот на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРЗаминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии… 

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, плоштадот Таксим. Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

“ISTANBUL BY NIGHT” – АЗИСКИ ИСТАНБУЛ

факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар – Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор…Европа – Азија).Ускудар: Прекрасно место за кафе со поглед кон блиското островче со „Девојачката кула“, и познатата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величенствен, градена од најдобриот Османлиски архитект Мимар Синан. Продлжуваме со автобус кон Бејлејбеји:  монденско место покрај самиот Босфор, познато и од многу Тв серии. Можност  да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL: Продолжуваме накај  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина…

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

3 ден 01.05.2021  ИСТАНБУЛ  – ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

Појадок.  

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ:  Прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир.

Враќање во хотел. Краток одмор.

Во вечерните часови Ве водиме на незаборавно ноќно крстарење по БОСФОР со вечера и шоу програма со ориентални танци. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 02.05.2021  ИСТАНБУЛ  

Појадок.  По појадокот го ставаме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛВе водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: Ве водиме во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна, 14 метри под нивото на земјата со 9.800м2 површина од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА ,. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамијаСултан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија … 

ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

5 ден 03.05.2021  СКОПЈЕ

 Пристигнување во Скопје  во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:79 €/4.900 Ден.   – Хотел 3*
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:89 €/5.520 Ден.   – Хотел 5*

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел 3* –  2 НП, или
  • Сместување во хотел 5*- 2 НП
  • Отомански и Византиски Истанбул : пешачка тура со локален водич и разгледување на:
  • Аја Софија – бесплатен влез
  • Хиподром
  • Сината Џамија
  • Капали чаршија
  • Професионален  локален туристички водич
  • Посета на Форум и Декатлон
  • Професионален туристички пратител на групата

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО

Незадолжителни факултативни излети,влезници,метро карти:

  • Панорамски разглед на европски Истанбул со автобус и локален водич – 10
  • Посета на Азискиот дел Ускудар – Белербеј, низ подводниот тунел Мармара И Watergarden & Emaar square mall: 15
  • Крстарење по Босфор – 20
  • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 30
  • Влезници за  музеите со локален водич: 
  • Топ Капи Палата – 20
  • Вечера на брод со крстарење по БОСФОР со ориентални танци – 40
  • Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 20
  •  Посета на принцески острови: 15
  •  Патничко осигурување 175 мкд.
  •  Доплата за еднокреветна соба:  40/хотел 3*    60/хотел 5*
  •  Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

 ЗАБЕЛЕШКА Според одлуката на Турската влада, за влез во Турција е неопходен ПЦР тест.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
  • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според моменталните протоколи за Ковид 19.

Термин: 04 март 2021 | 4 дена / 2 ноќи

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ

1ден / 04.03 (четврток) МАКЕДОНИЈА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата и поаѓање од градовите: Струмица (Бензинска “Makpetrol” – кружен тек), Штип (пред Стадионот), Скопје (Хотел “ВИП” – наспроти саем), Куманово (Бензинска “Makpetrol” – Автопат). Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи за одмор и царински формалности. Со официјално одобрение од бугарската влада, патувањето е овозможено без приложување на PCR тест!!

2ден / 05.03 (петок) ИСТАНБУЛ (Хиподром | Сина Џамија | Топ Капи | Миниjатурк | Сафир Сеир Тераси | Таксим)
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Можност за сместување во хотел. Сместувањето е во хотел со 3* во областа Лалели. По кратка пауза се упатуваме кон посета на Хиподромот (кој некогаш служел за коњски трки, денес е меморијален плоштад со обележја од минатото), Сината Џамија (изградена на почеток на XVII век од страна на познатиот архитект Мехмед-Ага воедно и последна импресивна градба на отоманската религиска архитектура… Единствена џамија во Истанбул и Турција која има шест минариња), Палатата Топ Капи – музејот каде што се наоѓа мечот нa прорoкот Мухамед, некогашното главно седиште на Османлиската империја, изграден во времето на Султан Мехмед II. При главниот влез на Топ Капи Палатата, од десната страна се наоѓа црквата Света Ирина, единствена христијанска црква во Истанбул која никогаш не е претворена во Џамија. Овaа палата е прва на многуте листи на знаменитости во Истанбул, тоа е палата во која турските султани кои со векови живееле, вистински град во град. Комплексот е огромен, гужвите се големи за влез во ризницата каде што се наоѓаат светите мошти на Исламот (Мухамедовиот заб) и Христијанството (раката на Св. Јован Крстител), тука се изложени колекцијата на часовници на султанот, приборите за јадење и доста подароци меѓу кои се наоѓа и најголемиот дијамант на светот. Можност за попатна посета на Капали Чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриенa улицa и над 3000 продавници коишто привлекуваат од 25.000 до 40.000 туристи дневно. Цените во Капали Чаршија се високи и препорачливо е да се влезе и да се види само како значаен локалитет во Истанбул. Индивидуално враќање во во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Попладне, факултативна посета на Минијатурк кој зафаќа површина од вкупно 60.000 метри квадратни со тоа што претставува најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури: 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25 и претставуваат идеално место за оние кои сакаат турнеа низ Турција односно претставува мал модел на големата земја. Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), највисоката зграда во Европа од 261 метар. Првите два спрата нагоре и околу 4 спрата надоле е шопинг центар. На врвот од зградата се наоѓа тераса со панорамски поглед на Истанбул, каде што во мала кино сала се овозможува 4D проекција, симулација на надлетување на Истанбул со хелихоптер, можност да се почувствува сјајот на Борфорот, шармот на Момината кула, или позната како Мејден Кула, магичната Аја Софија, тајната на Топ Капи Палатата, Брилијантната Султанахмет џамија (Сината џамија), застрашувачката природа на базиликата, цистерната, страшниот вртлог, дервишите, убавините на модерниот дел од Истанбул, Плоштадот Таксим, Истаклал Улицата… сето ова можете да го доживеете во четвртата димезија во Сафир Сеир Тераси. Прекрасна ноќна панорама на Истанбул. По убавините на Сафирот се упатуваме на прошетка кон ТАКСИМ, еден од најпознатите плоштади во градот, од каде започнува добро познатата улица Истиклал, долга околу 1,5 километри, за која се смета дека во текот на неработните денови ја посетуваат околу 3.000.000 луѓе. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден / 06.03 (сабота) ИСТАНБУЛ ( Долма Бахче Сарај | Крстарење – Босфор | Момина Кула | Ускудар | Emaar Square Mall & Wathergarden Mall )
Појадок. После појадокот факултативна посета на палатата Долма Бахче Сарај – првиот дворец кој бил изграден во Османлиската империја и кој до 1922 година служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922 година во него живеел Кемал Ататурк. Палатата е градена во европски стил и ја заменува старата Топкапи Палата во средина на 19 век. Се во палатата зрачи со лукскуз поради исклучително вредни и скапи збирки на непроценливо богатство. Палатата е поделена на два дела, Селамлик – дел за мажите и Харем – делот за жените. Во харемот се просториите во кои живеел и умрел таткото на турската нација, Кемал Ататурк. Долма Бахче Палатата е изградена во 19 век и е една од најгламурозните палати во светот. Таа била административен центар на крајот од Отоманската Империја со последниот Султан кој живеел таму. Денеска е претворена во музеј кој содржи уметничко-историски збирки со непроценливо богатство. По посетата на Долма Бахче Сарај ќе имате можност за факултативно крстарење со брод по Босфор. Престојот во Истанбул не е комплетен без традиционалното и незаборавно крстарење по Босфорот. Бреговите од двете страни претставуваат мешавина од минатото и сегашноста, од модерни раскошни хотели, палати до приватни куќи. За време на патувањето се поминува покрај Белербеј Палатата која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна, под мостовите кои го делат Истанбул на Азиски и Европски дел… прекрасна панорамска прошетка низ Истанбул. По крстарењето, групата се упатува кон Момината Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Момината кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата. Посета на Ускудар. Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционални отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето, чајот и познатата алва во боја ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме Босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм. Факултативна посета на Emaar Square Mall и Wathergarden. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници кои што се за првпат достапни во Турција, а одговараат на сечија потреба од современиот урбан млад свет. Гостите може да го користат своето пристуство од шопинг, јадење, пиење до забава. Овој трговски годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот Emaar Aquarium & Underwater Zoo кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите и над 20.000 видови на морски суштества како и 200 видови на водоземни животни. Покрај Emaar Square го посетуваме и Watergarden, оваа дестинација е на нашата листа бидејќи нуди посебно доживување, особено доколку го посетувате навечер. Огромните фонтани обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Со овој трговски ценар, Истанбул е рамо до рамо со луксузните центри во Дубаи. Враќање во хотел. Ноќевање.

4ден / 07.03 (недела) ИСТАНБУЛ ( Venezia Mega Outlet | Mall of Istanbul) – МАКЕДОНИЈА
Појадок. Напуштање на хотелот. Посета на трговските центри: Venezia Mega Outlet (продавници од најпознатите брендови надополнети со романтичните канали и гондоли кои се заштитен знак на Венеција) и најголемиот трговски центар Mall of Istanbul. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија со попатни паузи.

5ден / 08.03 (понеделник) МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во раните утрински часови.

Цена на аранжманот: 79€ / 4.900мкд
цена за уплата до 01.02: 59€ / 3.658мкд

Дете до 12 години – 50% | Еднокреветна соба + 40€ / 2.500мкд

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • превоз на наведената релација со високо туристички автобус;
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Истанбул (област Лалели);
  • посета на Хиподромот;
  • посета на Сината Џамија;
  • посета на Капали Чаршија;
  • посета на трговските центри: Venezia Mega Outlet, Mall of Istanbul;
  • професионален туристички придружник;
  • организација и реализација на патувањето.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • посета на Топ Капи Палатата (влезница | локален водич) – 20€;
  • посета на Минијатурк + Saphire Seyir Terasi + Таксим – 30€ (факултативите не можат да се користат одделно);
  • посета на Долма Бахче Сарај (превоз | влезница | локален водич) – 25€;
  • крстарење со брод по Босфор со посета на Момина Кула (90мин. дневно крстарење по Босфор со локален водич) – 25€;
  • крстарење со брод по Босфор + Момина Кула + Ускудар + Emaar Square Mall + Watergarden – 50€ (факултативите не можат да се користат одделно);
  • здравствено патничко осигурување – 150мкд.

ПАКЕТ од СИТЕ факултативи – 75€ (освен Топ Капи и Долма Бахче)

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е мининум од 40 патници;
  • Капацитетот на автобусот е 75% спрема условите на новонастанатата ситуација со вирусот Ковид 19;
  • Во автобусот е спроведен протоколот за безбедност при патувањето;
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот нај доцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.