Велигденски понуди

Истанбул од 1001 ноќ со Принцески острови 3НП

ТЕРМИН: 29 Април 2021

1 ден 29.04.2021 СКОПЈЕИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.   

2 ден 30.04.2021  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување во хотел  и краток одмор ( доколку собите се слободни) или сместување после првиот излет.

Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛВе водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот – Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамијаСултан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија …  Враќање во хотел. Краток одмор.

WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL: Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина… Враќање во хотел. Ноќевање

3 ден 01.05.2021  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на обалата на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ Панорамско разгледување на градот со автобус:  Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија.Го посетуваме најубавиот дел дел од градот – Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај БосфорПотоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.

САФИР – облакодерНајвисоката зграда во Европа, 236 м. ,  со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.

.

4 ден02.05.2021  ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

Појадок. Предлагаме прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период… остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Препорачуваме  ручек во еден од многуте рибни ресторани. На враќање одиме да ја посетиме Галата кулата ( влезница се плаќа на лице место).

ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА:  Прекрасна можност да уживаме во Ориенталните  народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок. Ноќевање.

5 ден 03.05.2021   ИСТАНБУЛ  

Појадок.  По појадокот го ставаме багажот во автобус.. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР:Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии… 

ТАКСИМ: Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува  црвениот носталгичен транвај.

ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон.  Во попладневните /вечерните  часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

ден 04.05.2021  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 9/ 6.140 Ден. – Хотел 3*
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:109 / 6.760 Ден.  – Хотел 5*

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобу на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Сместување во хотел 3*- 3 НП, или
  • Сместување во хотел 5*- 3 НП
  • Отомански и Византиски Истанбул излет
  • Аја Софија – бесплатен влез
  • Хиподром
  • Сината Џамија
  • Капали чаршија
  • Посета на Таксим
  • Посета на Форум и Декатлон
  • Професионален туристички пратител на групата
  • Професионален  локален туристички водич
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативни излети,влезници,метро карти:
  • Европски и Азиски Истанбул – 15
  • Watergarden & Emaar square mall: 15
  • Крстарење по Босфор – 20
  • Крстарење кон Принцески острови – 20
  • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 25
  • Влезници за  музеите со локален водич: 
  • Топ Капи Палата – 15
  • Харемот во Топ Капи – 10
  • Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 35
  • Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 25
  • Патничко осигурување 210 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба

           Хотел со 3* – 60€ /      Хотел со 5* – 80€

ЗАБЕЛЕШКА Според одлуката на Турската влада, за влез во Турција е неопходен ПЦР тест.

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање,во случај на недоволен бој на патници.
  • Пасошот треба да биде со важност мин. 6 месеци од денот на ваќањето.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.