Велигденски понуди

ВРЊАЧКА БАЊА

Автобус / 3 дена / 2 ноќевања


1 ден 30.04.2021 (петок)               Скопје – Врњачка бања

Состанок на групата на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ во 5:00 часот, тргнување за Врњачка бања 5.30 часот. Пристигнување околу пладне. Разгледување на Врњачка бања каде денес има седум извори на минерална вода, четири од нив се користат за балнелошка терапија, „Топла вода“, единствена бања која има температура како и човечкото тело (36,5ц) и се користи за капење и пиење. Бањите „Снежник“ (17ц), „Језеро“ (27ц) и „Слатина“ (14ц) се студени минерални води, две од нив (од изворите Топла вода и Врњачко врело) се флашираат во „Вода Врњци“. Сместување во хотел „Даница“. Време предвидено за индивидуални активности и одмор. Вечера. Ноќевање.

2 ден 01.05.2021 (сабота)             Врњачка бања (Жича, Краљево)

Појадок. Прошетка низ околината на Врњачка бања која е богата со културно – историско наследство, а според Унеско е сместено во редот на Светски градини. Пред се црквите Лазарица и Св. Петка, како и манастирите Студенице, Љубостиње, и Жича, за каде е предвидена факултативна посета, оддалечен е околу 30 км. од Врњачка бања. Го подигнал Стефан Првовенчан со својот брат Сава, а градењето траело 20 години, конечно е завршен 1208 година. Манастирот е седиште на првата Српска архиепископија. Најстарите фрески во манастирот се сликани по 1219 година… на враќање кон Врњачка бања ќе се направи пауза во Краљево за кафе, ручек, прошетки. Вечера во хотел. Организирана посета на Православна црква по повод Христовото воскресение. Ноќевање. 

3 ден 02.05.2021 (недела)   Врњачка бања – Скопје

Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време до 12 часот кога е предвидено тргнување за Врање. Пристигнување околу 15 часот. Слободно време за прошетки, шопинг или ручек со познати српски специјалити. Враќање во Скопје во чеверните часови

Цена на аранжманот по лице:

-За резервации направени со 50% аконтација до 13 март 4.900 мкд. (79 евра)
Редовна цена 5.500 мкд (89 евра)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • автобуски превоз на наведената релација
  • сместување во хотел „Даница“ (vagres.rs/danica) на база 2 полупансиони
  • разгледување на Врњачка бања
  • организација на аранжманот со пратител – придружник на групата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • задолжително патничко – здравствено осирурување
  • туристичка такса 1,5 евро на ден по лице
  • факултативна посета на манастирот Жича 5 евра

Напомени:

  • За реализација на аражманот е потребен минимум од 45 патници