Велигденски понуди

ВАЛОНА

Термин: 30 Aприл 2021 | 4 дена – 2 ноќи | Aвтобус

сместување во вила Camelia и хотел Primavera на сама плажа 
 

1ден 30.04 (петок)   ШТИП/СКОПЈЕ – ВАЛОНА
Поаѓање од Штип во 00:30 часот пред Новата пошта. Од Куманово во 01:00 кај рафинерија Окта. Поаѓање од Скопје во 01:30 часот на паркингот пред VIP хотел (наспроти Скопски саем). Ноќно возење преку г.п.Ќафасан (Струа) со паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Валона во утринските часови. Сместување во избраниот сместувачки капацитет Вила Camelia или хотел Pimavera кој се наоѓа на сама плажа во центар на Валона со поглед на море. Ноќевање.


2ден 01.05 (сабота)  ВАЛОНА
Појадок. Слободно време за одмор или прошетка покрај плажа-шеталиште во Валона со посета на бројните кафулиња и ресторани. Уживање, фотографирање покрај море..или можност за факултативна посета  на манастирот Звернек,  кој се наоѓа на малиот остров прекриен со борова шума, византиски Манастир од 13 век посветен на Пресвета Богородица. За да стигнете до манастирот, се пешачи преку  дрвениот мост (долг 270метри). Амбиентален ентериер. Целата област е многу живописна, особено на зајдисонце. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.


3ден 02.05 (недела)  ВАЛОНА – МАКЕДОНИЈА
Појадок. 
Слободно време за индивидуални активности. Во договореното време околу пладне, поаѓање кон Макдонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.


Цена на аранжманот во вила   Camelia   65€ / 4.030мкд

Цена на аранжманот во хотел Primavera 89€ / 5.518мкд


 Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација;
– 2 ноќи во вила Camelia која се наоѓа во централниот дел на Валона и на околу 70м од шеталиште и 200м од плажа во 1/2 и 1/3 студија со кујна.Вилата е со одличен квалитет и големи балкони.
– 2 ноќи со појадок во хотел Primavera кој се наоѓа на самото шеталиште/плажа во центарот на Валона;
– организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник.


 Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

– Излет до манастирот Звернек;
– Дете до 6 години плаќа  30€ (добива исти услуги како и возрасен, сместување во кревет со родител и седиште во автобус);
– Прво и Второ дете 6-12 години – 45€ (добива исти услуги како и возрасен);
– Патничко осигурување 150мкд по лице.


 Напомена: 

– За реализација на аранжманот потребен е мининум од 35 патници. Се патува според важечки протокол за патување. 
– Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени патници да го откаже аранжманот 7 дена пред поаѓање.
– Во случај на доцнење на автобусот поради временските или вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истиот или слично, организаторот нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
– Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите или факултативите во програмата.
– За овој програм може да се патува и само со лична карта и НЕ е потребен PCR тест.
– Доколку дојде до одредени промени, односно затворање на Граници, рестрикции поради COVID или слично, агенцијата во целост ги рефундира уплатените средства на патниците.
– Доколку патникот сам по негова воља го откаже патувањето, рефунадција се врши според општи услови на патување.
– За резервација, потребна е аконтација од минимум 1.000мкд, остатокот се доплаќа најкасно до 7 дена пред поаѓање.